• Како после Кочани? Дискусии за подобрување на кризна комуникација и зачувување на менталното здравје
    Apr 5 2025
    Несомнено дека трагедијата од невидени размери во Кочани имаше огромен импакт и нѐ погоди сите. Таа доведе до неизмерна тага, но и бес кај секој граѓанин. Таа ја покажа и солидарноста помеѓу македонските граѓани, но и солидарноста на другите земји со нас. Таа го стави системот на тест, односно ја испита подготвеноста на институциите во државата за справување со кризи. Таа нѐ натера да размислиме дали и во која мерка институциите делотворно работат, но и во која мерка законите се спроведуваат. Нѐ натера и да размислиме која е улогата на секој еден граѓанин, покрај институциите, во обезбедувањето на просперитетно и безбедно општество каде ќе владее правото. Нѐ натера да размислуваме и на последиците од неказнивоста и константното деградирање на институциите. Нѐ замисли и за улогата на односите со јавноста во услови на кризи од национални размери. На крајот, будејќи кај нас чувства кои можеби долго време (или никогаш) не сме ги имале, барем не со таков интензитет, нѐ доведе до прашањето – како да го зачуваме нашето ментално здравје во вакви кризни и трауматски ситуации. Природно, при изборот на темата која ќе ја обработуваме во оваа епизода од Ин Медиас Рес одлучивме да се бавиме со дел од овие прашања кои нѐ држат будни периодов. Поточно, одбравме две (меѓусебно) поврзани теми. Прво, одлучивме да разговараме за (тоа како да се подобри) кризната комуникација, т.е. комуникацијата на институциите со јавноста во услови на национални кризи и трауматски настани. Интенцијата е јасна. Иако кризните ситуации никој не ги посакува, тие може да се случат; затоа е неопходно да планираме во мирни услови за да имаме подобри одговори во услови на криза. Во таа насока со проф. д-р Марина Тунева зборувавме за потребата да се покаже емпатија при информирањето на јавноста, за формирањето на кризни штабови во кои ќе има лица задолжени особено за комуникација со јавноста, за централизирањето на комуникациите (така што после трауматскиот настан информации ќе доаѓаат само од еден центар) и слично. Второ, а поврзано со првото, зборувавме како да се зачува менталното здравје во услови на вакви трауматски настани. Ова прашање го набљудувавме од повеќе аспекти: како медиумите да ги пренесуваат информациите, водејќи сметка и за емотиционалната реакција кај граѓанитекако новинарите, како лица кои известуваат за трауматските настани, да го заштитат сопственото ментално здравјекако своето психичко здравје да го заштитат другите кои се во првите „борбени“ редови при сериозни кризикако граѓаните да се справат со емоциите кои ги чувствуваат и како да го канализираат гневоткако оние кои помагаат на волонтерска база и сл., да се заштитат себе си? За овие прашања зборувавме со проф. д-р Маријана Марковиќ. Таа посочи на ...
    Show More Show Less
    40 mins
  • Како подобро да администрираме со (реформата на) јавната администрација?
    Mar 7 2025

    Функционирањето на јавната администрација е една неисцрпно богата тема за дискусија. Тоа само по себе воопшто не нѐ изненадува.

    Прво, јавната администрација (или јавниот сектор воопшто) функционира користејќи ги јавните финансии, што значи дека секој од нас, на посреден начин, го плаќа административниот апарат во државата. Второ, јавната администрација решава за нашите права и обврски, како и за правните интереси, ни издава решенија, лиценци, дозволи, уверенија ... Таа ни нуди јавни услуги и директно влијае на квалитетот на нашиот живот.

    Оттука, во оваа епизода повторно се осврнуваме на извесни прашања поврзани со јавната администрација.

    Нашиот домаќин, Константин, разговараше со проф. д-р Драган Гоцевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ за тоа како јавната администрација треба да се реорганизира за да биде ефикасна. Стана збор и за суровата реалност, односно за фактот дека не постојат конзистентни, длабински и суштински реформи, иако стратегии за реформа на јавната администрација постојат уште од 1999. Аспирацијата за мала, ефикасна и едноставна јавна администрација сѐ уште е само „слово на хартија“. Стана збор и за професионализацијата на менаџерските (раководните) функции (директори, членовите на органи и сл.) во јавната администрација и имплементацијата на мерит системот.

    Со адвокатот Жарко Хаџи Зафиров, пак, стана збор за (не)законитото работење на органите на јавната администрација во управните постапки (постапките кога јавните органи решаваат за права и обврски на граѓаните, по нивно барање или службена должност). Според него, иако се поминати долги години откако законодавството е модернизирано, јавните органи сѐ уште не го перцепираат граѓанинот како нивен клиент и причината за нивното постоење. Сервисна ориентација не постои. Не се почитува ниту обврската за службена размена на документи и докази помеѓу органите, иако е имплементирана во Законот за општата управна постапка уште во 2015 година. Како резултат на сево ова, граѓанинот сѐ уште мора да изгуби значително време, во работните денови кога мора да излегува од работа, за да поднесе барање на шалтер и да добие повратно решение ...

    Заклучоците се бројни, но еден е главен. Реформата допрва треба да дојде.

    Show More Show Less
    36 mins
  • Граѓаните му „пресудија“ на (право)судството – се задолжува да се подобри!
    Jan 30 2025

    Судството, правосудството, довербата во судството, владеењето на правото, корупцијата... Ретко кои теми се секогаш актуелни и релевантни како што се овие во јавниот дискурс. Исто така, ретко кои теми предизвикуваат „реформски замор“ (reform fatigue) како овие. Едноставно, бројните информации кои циркулираат во јавноста, скандалозните вести, неуспехот во борбата со корупцијата и организираниот криминал, анализите и измените во законите наспроти недостатокот од резултати доведуваат до аверзија кај граѓаните, ја зголемуваат недовербата во судскиот систем, правосудството и институционалниот поредок воопшто, т.е. ја намалуваат надежта за подобро утре.

    Во оваа епизода се осврнуваме на овие теми. Ја наоѓаме точката на поврзување помеѓу состојбите во судството, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Пораката е јасна – владеењето на правото и успехот во борбата против корупцијата се невозможни без независно судство, судство кое работи професионално и квалитетно, но и подобрување на состојбите во правосудството воопшто. Се обидуваме и да ги расветлиме состојбите во судството (па и правосудството пошироко). Зборуваме за (не)успехот на реформите во судството во минатата деценија, па и поназад, за Судскиот совет кој за жал ретко кој го перципира како заштитник на судската независност, за судската култура и немоќта на судството да се избори за сопствените интереси, иако судската власт егзистира паралелно со извршната и законодавната, а не под нив.

    Дискутиравме и за измените на Кривичниот законик од септември 2023 година и непоправливата штета што тие ја предизвикаа во борбата со корупцијата. Објаснивме што, впрочем, овие измени значат. Дури, овие измени се интерпретираат и како упад во работата на судовите кои воделе постапки за организиран криминал и корупција во тој момент.

    Гости во оваа епизода се Дарко Аврамовски, извршен директор во Коалиција Сите за правично судење и Јелена Кадриќ, извршна директорка на Институтот за човекови права.

    Заклучивме дека ни претстои уште долга борба за подобрување на состојбите во овие сфери и дека судството допрва треба да се наметне како власт, покрај извршната и законодавната власт.

    Show More Show Less
    32 mins
  • Денешната работа не ја оставај за утре!
    Dec 26 2024

    Претходното издание на Ин Медиас Рес зборувавме за активизмот кај младите, Студентскиот пленум и промените кои тој ги донесе, лекциите кои ги научивме, можностите за младите да се активираат денес и да придонесат во креирањето на подобра иднина за себе и за другите, но и за младите кои, за жал, сакаат „карта во еден правец“.

    Во ова издание решивме да се надоврземе на темата млади, но од една поинаква перспектива – да зборуваме за можностите да се изгради професионална кариера и/или да се започне свој бизнис потфат во државата, за можностите за раст на таквиот (евентуален) бизнис, за претприемачкиот дух, за предизвиците во работата и слично.

    Што беше нашата идеја?

    Идејата беше да поттикнеме желба и мотив за сопствено надоградување кај младите, но и реално да ги согледаме потешкотиите и предизвиците со кои тие ќе се соочат при сопственото надоградување и надоградувањето на нивниот бизнис.

    Константин Битраков разговараше со двајца исклучителни професионалци, Виктор Стојкоски, генерален секретар на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија и претприемач и Виктор Митевски, кој е дел од организаторите на Годишната конференција за е-трговија, во 2024 година одржана под под мототот „E-commerce: Untangling Potential“.

    Пораката која може да ја извлечеме од она што двајцата гости го кажаа е следнава: денешната работа не ја оставај за утре! Или, во нашава конотација, започни што поскоро да ги реализираш своите идеи, зацртај цели и тргни кон нив.

    Show More Show Less
    33 mins
  • Од младите за сите – младинскиот активизам некогаш, сега и во иднина
    Dec 12 2024
    Се навршија десет години од деновите кога една група млади луѓе, организирани како Студентски пленум, ги поттикнаа најмасовните маршеви по скопските улици (барем по независноста на државата), првенствено барајќи автономија на универзитетите и дерегулација на една автономна сфера – високото образование. Поттикот беше најавеното, а подоцна и изгласано екстерно тестирање во рамките на високото образование (државен испит како услов за диплома). Маршевите беа проследени и со други активности, како окупација на единици – факултети на УКИМ, гостувања на телевизиски емисии, герила акции и слично. Се разбира, низ самите протести на виделина излегоа и други проблеми со кои студентите односно младите воопшто се соочуваат: отуѓеноста од институциите, немањето за слух за нивните потреби, супстандардни услови за живот во студентските домови, немањето на можности за работа и слично, немање можност да се влијае на работата на тогашниот Студентски парламент на УКИМ кој во очите на поддржувачите на Студентскиот пленум беше киднапиран и непознат за студентите... Фактот што помина една деценија е добар за да се направи рекапитулација за тоа: Каде беа студентите и младите тогаш, а каде сега Дали се подобри или влоши нивната положба во општеството во целина Што беа поуките од студентските протести кои започнаа во 2014 година, како за самите учесници, така и за државата, т.е. институциите и политичарите кои раководат со нив Кои се можностите на младите денес за да се активираат и да придонесат во креирањето на подобар свет за нив, но и за да се надградат себе си Дали постои мотив кај младите да се градат себе си во оваа земја или пак с Како да ги мотивираме младите денес на активизам? На овие теми нашиот домаќин Константин Битраков, кој и самиот беше активен во студентските протести и Пленумот, разговара со двајца гости. Ивана Туфегџиќ која исто така беше активист во Студентскиот пленум, а и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија во периодот од 2016 до 2017 година зборуваше за своето лично искуство во Пленумот и Собранието, лекциите кои таа ги научила и начинот на кој таа и денес, како граѓанин кој работи во приватниот сектор, придонесува во градењето на подобар живот за себе и своите сограѓани. Нејзината порака до младите, па и до сите граѓани е едноставна: доста е од дефетизам, потребно е активирање макар и на микро ниво, со една едноставна електронска порака до општината за најмалите локални проблеми. Само на тој начин македонското општество ќе се придвижи напред, предводено од активни и свесни граѓани. За формалните и неформалните граѓански организации денес таа испрати поука: Кога барате нешто од институциите, бидете јасни и прецизни, односно имајте јасна цел. Ристо Савески кој е ...
    Show More Show Less
    32 mins
  • Македонското членство во ЕУ: Тешко достижна, но вредна цел
    Dec 12 2024
    Не треба посебно да се образложува дека патот до полноправно членство во Европската унија на Република Македонија, односно Република Северна Македонија (РСМ) по уставните измени од 2019 година, е долготраен и трнлив. Интеграцијата во Европската унија е деклариран стратешки интерес на државата уште од 1991 година, а во 2004 година Владата и формално поднесе барање за членство во Европската унија. Кандидатскиот статус беше доделен во 2005 година, а од тогаш беа донесени неколку клучни, дури можеби и монументални одлуки, како на пример онаа за визна либерализација во 2009 година. Но, за жал, ултимативната цел сѐ уште не е постигната. За жал денес, 2024 година, РСМ сѐ уште не е членка на Европската унија, а македонскиот граѓанин сѐ уште не е дел од големото европско семејство, што само по себе предизвикува извесно разочарување кај него: последните анкети покажуваат пораст на скептицизмот (или извесен песимизам). Речиси 30 проценти од македонските анкетирани граѓани сметаат дека РСМ никогаш нема да пристапи кон Европската унија. Иако ваквата слика се должи на повеќе причини, несомнено е дека самата долготрајност на процесот на зачленување и условите за членство кои се резултат на барањата од соседните земји имаат голем придонес. Исто така, големо разочарување предизвика последната вест дека Албанија оди чекор понапред од РСМ во процесот на преговори за пристапување во Европската унија, отварајќи преговори по поглавја. Во реалноста, оваа вест создаде и извесна конфузија, имајќи предвид дека за отворање на преговорите зборуваме веќе долго време, а медиумите во неколку наврати објавуваа дека преговори се започнати. Земајќи го предвид целиот овој контекст, во оваа епизода на Ин Медиас Рес зборуваме за интеграцијата во Европската унија. Обидувајќи се да се дистанцираме од дневните политички превирања, целиме да објасниме: Каква е постапката за зачленување во Европската унија и каде моментално сме ние?Што се случи во изминативе години, односно кои чекори ги изминавме, а кои ни остануваат?Што значи инкорпорирањето на бугарските барања во преговарачката рамка и кои се нашите можности?Каде стоиме наспроти земјите од регионот, кои исто така се кандидати?Кои се предизвиците со кои се соочува и самата Европска унија (во контекст на проширувањето, но и пошироко)?Што допрва треба да сториме самите како држава, за да бидеме подготвени да го отвориме нашиот пазар, односно да бидеме подготвени да сме дел од внатрешниот пазар на Европската унија?Кои ќе бидат економските бенефити за РСМ по зачленувањето во Европската унија, споредбено со оние кои и сега ги имаме од Европската унија?Дека членството во Европската унија, колку и да се чини далечно, е од огромна корист за РСМ и нешто кон кое треба и понатаму, покрај сите пречки...
    Show More Show Less
    30 mins
  • Кој на која фотелја ќе седне и зошто?
    Sep 30 2024

    Во дискусиите за реформата на јавната администрација, кои се чини дека секогаш се актуелни, сѐ повеќе се зборува за мерит принципот (или принципот на заслуга) при именувањето на функционери, односно за професионализацијата на раководните позиции во јавната администрација (што би значело дека нив треба да ги пополнат лица со соодветни компетенции и програми). Различни субјекти и организации говорат на оваа тема од различни перспективи.

    Домашните стручњаци и невладините организации бараат поголема имплементација на принципот на мерит. Странските експерти често нѐ советуваат како да ги измениме законите за да добиеме посоодветни директори, а меѓународните организации нѐ уверуваат дека тоа ќе нѐ доведе поблиску до интеграција во Европската Унија.

    Опозицијата (независно кој ја сочинува) често критикува дека се именуваат некомпетентни лица на раководни функции. Власта, пак, независно кои партии ја сочинуваат во даден временски период, се чини дека не сака да ги напушти повеќедецениските практики да ги именува директорите, членовите на управните и надзорните одбори и слично исклучиво според сопствените преференции и партиската припадност, занемарувајќи ги професионалните компетенции.

    Следствено, во епизодата „Кој на која фотелја и зошто?!“ зборуваме за примената на принципот на заслуги во јавната администрација во Република Северна Македонија. Кои позиции треба да се пополнуваат исклучиво според принципот на заслуги? Постојат ли позиции за кои, освен компетенции, е потребна и блискост до програмските определби и политиките на Владата? Како да се осигураме дека едно директорско место или друга функција ќе ја пополни соодветно лице? Може ли да важат истите правила за сите директори (на класичните органи на државната управа, на јавните претпријатија, на јавните установи)? Треба ли да постојат управни одбори во органите на државната управа и јавните претпријатија? Зошто претходната Влада од 2018 до крајот на мандатот го најавуваше Законот за висока раководна служба, но тој не се усвои? Потребен ли е ваков закон? Како се злоупотребува можноста за именување на в.д. директори?

    На овие теми дискутираме со проф. д-р Ана Павловска-Данева од Правниот факултет „Јустинијан Први“, воедно и уставен судија, и со Јулијана Караи која е Виш истражувач во Институтот за Европска политика – ЕПИ.

    Show More Show Less
    35 mins
  • Balansing act
    Jul 29 2024

    Концептот на правична и рамномерна застапеност не е само последица на уставните амандмани произлезени од Охридскиот рамковен договор, туку е и едно од основните принципи врз основа на кои се уредуваат современите мултиетнички општества. Од една страна, ова значи релативно рамномерно претставување на различните етнички заедници во администрацијата, судството, јавниот сектор инт. Но, од друга страна, овој принцип не смее да го повредува начелото на квалитет и вредност, нешто што во македонското општество со години се проблематизира. Податоците на Центарот за управување со промени укажуваат дека спроведувањето на фамозниот „балансер“ е нешто што е подложно на крајно негативни јавни перцепции, особено во делот со изјаснувањето на етничката припадност, категорија која може да биде предмет на бројни манипулации, но и повреди на човековите права, доколку промената на ваквото изјаснување се забрани или ограничи. Конечно, најавата за комплетното укинување на балансерот во јавниот сектор упатува на една многу очигледна дилема – што би го заменило?

    За проблематиката на балансерот, неговото функционирање, предизвиците, но и иднината зборуваме со Неда Малеска од Центарот за управување со промени и Константин Битраков од Правниот факултет при УКИМ.

    Show More Show Less
    20 mins